Македонија
Претрес во скопско, пронајдена дрога
20.04.2022 09:54
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Денеска во 00:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода А.Ш.(23) од с.Идризово, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Тој бил приведен во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
