Седници на три собраниски комисии
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог одлуката за давање согласност на општиoт акт на Народниот правобранител, Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување...

Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог одлуката за давање согласност на општиoт акт на Народниот правобранител, Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2021 година.
Членовите на Комисијата за здравство и на Законодавно – правна комисија треба да го разгледаат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.
