Македонија
Приведено лице по распишана потерница за издржување затворска казна
20.04.2022 10:48
Тој бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик..

На 19.04.2022 во 15.00 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(24) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.
Лицето било спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
