Македонија

Уставните судии не дискутираа за „недела- неработен ден“

20.04.2022 11:44

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацерска апелираше до советот кој работи на овој предмет да направи исправки на рефератот во најкраток можен рок, имајќи предвид дека се работи за актуелен предмет за кој јавноста е заинтересирана.

Поради технички причини повлечена е иницијативата на Стопанската комора поднесена до Уставниот суд за законската одредба за недела неработен ден. Истата ќе ставена на дневен ред во некоја од следните седници.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацерска апелираше до советот кој работи на овој предмет да направи исправки на рефератот во најкраток можен рок, имајќи предвид дека се работи за актуелен предмет за кој јавноста е заинтересирана.

Преку оваа иницијатива Стопанска комора ги оспоруваа последните измени на Законот за работните односи, во однос на недела неработен ден во државата. Подносителот смета дека Зконот е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните.