Шаќири се надева на позитивна одлука од СОНК
Министерот за образование и наука смета дека ако причината за одбивањето на 10-те отсто покачување е во тоа што биле усно ветување, сега понудата е во пишана форма во првиот заклучок од вчерашната седница на Владата.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува дека СОНК ќе го прифати предлогот од Владата, со ребалансот на Буџетот да се обезбедат пари за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 проценти и дека штрајкот ќе биде прекинат, а социјалниот дијалог ќе продолжи за другите барања на Синдикатот.
Шаќири смета дека ако причината за одбивањето на 10-те отсто покачување е во тоа што биле усно ветување, сега понудата е во пишана форма во првиот заклучок од вчерашната седница на Владата.
Се надевам и треба да има одлука во корист на децата. И покрај нивното несогласување со ситуацијата, очекувам да има настава, а ние да продолжиме со преговорите иако не се согласуваме со одредена точка, изјави денеска министерот Шаќири. Апелираше до наставниците да го продолжат образовниот процес.
