Македонија

Латвискиот претседател Егилс Левиц утре во посета на земјава

20.04.2022 12:46

Претседателот Левиц утре претпладне ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што следува тет-а-тет средба на претседателите и пленарен состанок на делегациите. По пленарниот состанок е предвидена заедничка прес-конференција на двајцата претседатели, најави Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски утре ќе биде домаќин на претседателот на Република Латвија, Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија.

Претседателот Левиц утре претпладне ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што следува тет-а-тет средба на претседателите и пленарен состанок на делегациите. По пленарниот состанок е предвидена заедничка прес-конференција на двајцата претседатели, најави Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Поради посетата на Левиц на државава, од утре до 23-ти април Министерството за внатрешни работи  ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.