Здравство

127 нови случаи со Ковид-19, двајца починати

20.04.2022 14:28

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, бројот на оздравени пациенти е 298.811, на починати е 9.265, а бројот на активни случаи изнесува 802.

Во последните 24 часа направени се 1.908 тестови, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 57, Битола – 24, Охрид – 7 , Прилеп и Велес – по  5, Струга , Берово и Валандово – по 4, Кавадарци и Кичево – по 3, Куманово и Струмица – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија и Мкаедонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции. Регистрирани сe 123 оздравени пациенти.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82г) и Охрид (91г), едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, пријавени во период од 02.04 до 12.04.2022 година.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, бројот на оздравени пациенти е 298.811, на починати е 9.265, а бројот на активни случаи изнесува 802.

Досега во земјата се направени вкупно 2.000.910 тестирања на ковид-19.