Образование

СОНК решава за предлогот на Владата, Шаќири очекува позитивна одлука

20.04.2022 14:44

СОНК решава за предлогот на Владата за зголемување на платите во образованието за 10 насто. Министерот за образование Шаќири изјави дека очекува да донесат позитивна одлука во корист на децата. Апелираше до наставниците да го продолжат образовниот процес…

Наставници кои штрајкувале доброволно се вратиле на настава во корист на учениците, министерот за образование, Шаќири очекува и СОНК да го стори истото и да ја прифати владината понуда за покачување на платите од 10 проценти. Доколку Синдикатот реши да продолжи со штрајкот, тој вели дека ќе се разгледаат сите законски можности за да се реализира наставата. Според Шаќири, социјалниот дијалог треба да продолжи, бидејќи како што рече со СОНК треба да се преговара и за други процеси.

„Ние истовремено ќе треба да соработуваме во тоа, да видиме начин на организација на образовниот систем во основно и средно, за наставниците да имаат подобри услови и повисоко од тоа што се бара во наредниот период. Јас ја разбирам ситуацијата, но секогаш сакам да имаме разбирање. Се наоѓаме во една од најголемите економски кризи, тие кризи влијаат на наставниците и во буџетот на државата“, вели министерот за образование Јетон Шаќири.

Советот на СОНК ги разгледува заклучоците на Владата и треба да донесе одлука дали ќе ја прифати понудата за покачување на платите од 10 проценти. Денес е осми ден како членството на СОНК е во штрајк, со барање да пораснат платите за 18,4 проценти, но и да се усогласат со растот на минималната.

Вчера Владата донесе одлука да формира работни групи кои треба да почнат да преговараат со синдикатите за изнаоѓање методологија за континуиран раст на платите во сите сектори.

Викторија Милевска