Претставена подготвеноста и професионалноста на македонската полиција
Подготвеноста на полицијата, нивната професионалност и тимската работа при извршувањето безбедносни задачи беа претставени на оперативно- тактичката вежба „Пролет 22“. Ова е прва вежба со ваков обем изведена од полициските сили во земјава...

Македонската полиција интервенира на спортски натпревар од висок ризик, со присуство на ВИП лица, организирани и неорганизирани навивачки групи. Оперативно тактичка вежба „Пролет 22“, права од ваков обем. Полицајци од повеќе оддели во МВР ја претставија подготвеноста, професионалноста и тимската работа при вршење на задача од областа на безбедноста.
Според сценариото, поради незадоволство од одлуката на судијата, навивачи недолично се однесуваат. Се фрлаат шишиња и други предмети. Состојбата ескалира. Елиминирани заканите, се празнат трибините, се евакуираат ВИП личностите.
Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ ја реши заложничката ситуација. Интервенираше и тим од единицата за деактивирање експлозивни направи со помош на полициските кучиња.
Вежбата е во контекст на концептот „Полицијата – вистински сервис на граѓаните“.
Наташа Гркова-Петрушевска
