Скопје

Нов урбан парк во Аеродром

20.04.2022 15:38

Паркот ќе биде на површина од 2.300 м2 и ќе опфаќа детско игралиште и содржини за возрасни, со новопроектирани пешачки патеки, простор и павилјон за одмор, простор за одржување настани, ново хортикултурно уредување и нова наменска урбана опрема.

Аеродромци ќе добијат нов парк на улица „23 Октомври“ спроти градинката „Изворче“ во населбата Стар Аеродром.

Паркот ќе биде на површина од 2.300 м2 и ќе опфаќа детско игралиште и содржини за возрасни, со новопроектирани пешачки патеки, простор и павилјон за одмор, простор за одржување настани, ново хортикултурно уредување и нова наменска урбана опрема.

Станува збор за проект што е донација во висина од над пет милиони денари од општествено-одговорна копманија, информираат од општината.