Македонија

Претседателот на Летонија Егилс Левиц во посета на земјава

21.04.2022 08:48

По пречекот со највисоки државни и воени почести во Вилата Водно, претседателот Пендаровски и неговиот гостин Левиц ќе имаат тет-а–тет средба, по што и пленарен состанок на делегациите од двете земји...

Претседателот на Република Летонија, Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска ќе има средба со неговиот домаќин и колега претседателот Стево Пендаровски.

По пречекот со највисоки државни и воени почести во Вилата Водно, претседателот Пендаровски и неговиот гостин Левиц ќе имаат тет-а–тет средба, по што и пленарен состанок на делегациите од двете земји. Во рамки на посетата, двајцата шефови на држави ќе ја посетат црквата „Св. Спас“ во Скопје, каде ќе положат венци цвеќе на гробот на Гоце Делчев.