МВР: 191 сообраќајни прекршоци во Скопје

21.04.2022 08:55

На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 69 санкции за прекршоци што ги прават пешаците...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 69 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за возење под дејство на алкохол, две мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), соопштуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи патишта со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.