Продолжува да опаѓа бројот на активни ковид- случаи
Над половина од активните се Скопје, а повеќе од сто има уште само во Битола. Болни од ковид нема во Крива Паланка, Дебар, Богданци, Кратово, Македонски Брод и Дојран, а само по еден случај има во Свети Никола, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Пехчево и Македонска Каменица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава продолжува да опаѓа и во моментов изнесува 802. Се намалува и бројот на новозаболени и на починати, а низок е и дневниот процент на заразени.
Над половина од активните се Скопје, а повеќе од сто има уште само во Битола. Болни од ковид нема во Крива Паланка, Дебар, Богданци, Кратово, Македонски Брод и Дојран, а само по еден случај има во Свети Никола, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Пехчево и Македонска Каменица.
Во претходното деноноќие беа забележани 127 нови случаи од 1.908 тестови што е околу 6,6 отсто.
Епидемиолошката состојба продолжува да се подобрува, но министерот за здравство Беким Сали сепак предупредува дека граѓаните треба да останат внимателни, а институциите подготвени.
Се намалува и интересот за вакцинација. Вкупниот опфат на вакцинирани е 46 отсто.
