Викенд издание на „Македонија наутро“
Велигден е празник на радоста и среќата, но и вистинска можност семејството да се собере на заедничка велигденска трпеза. За обичаите во Македонија коишто се поврзани со најголемиот христијански празник, но и за тоа како ќе изгледа традиционалната велигденска трпеза во Македонија и низ светот говориме во „Македонија наутро“.
Велигден, денот на христовото воскресение, не е само најголемиот, туку и најстариот христијански празник, кој се празнува од втори век. Меѓу македонскиот народ постојат повеќе обичаи и верувања поврзани со Велигден како еден од најзначајните христијански празници кој зазема централно место во прославувањата. За нив разговараме со етнокореологот Бојан Петковски.
Велигден е празник на радоста и среќата, но и вистинска можност семејството да се собере на заедничка велигденска трпеза. За обичаите во Македонија коишто се поврзани со најголемиот христијански празник, но и за тоа како ќе изгледа традиционалната велигденска трпеза во Македонија и низ светот говориме во „Македонија наутро“.
Проектот „Охрид – град на 1.000 крстови“ кој минатата година го започна професорот Зоран Тунтев, а чија цел е осветлување на илјада крстови во градот и неговата околина целосно ќе се реализира во текот на годинава. Истиот ќе биде силен адут за развој на религискиот туризам во земјава.
„Предизвик“ е името на најновата кампања за органодарителство која ја реализира националното здружение „Храбро срце“ со цел да се подигне јавната свест за органодарителството овојпат со фокус на младите луѓе. За очекувањата од новата кампања и за органодарувањето како највисок хуман чин разговараме со Васко Јолески – претседател на национално здружение „Храбро срце“.
