Пресуда

Груевски доби седум години затвор, Мијалков една година и три месеци, Камчев една година за „Плацеви на Водно“

21.04.2022 15:19

Според обвинението, поранешниот премиер Груевски со пари од донации на ВМРО-ДПМНЕ во висина од 1,3 милиони евра купил имот – плацеви на Водно, станови во Скопје и земјиште во Крушево. Во шемата на купување на имотот биле вклучени и офшор компании.

Поранешниот премиер Никола Груевски доби седум години затвор за случајот „Плацеви на Водно“. Поранешниот шеф на УБК, Сашо Ијалков е осуден на една година и три месеци, а бизнисменот Орце Камчев доби една година затвор. Обвинетите Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ добија двегодишна условна казна.

Според обвинението, поранешниот премиер Груевски со пари од донации на ВМРО-ДПМНЕ во висина од 1,3 милиони евра купил имот – плацеви на Водно, станови во Скопје и земјиште во Крушево. Во шемата на купување на имотот биле вклучени и офшор компании.

Судијата одреди и конфискација на недвижен имот од повеќе правни лица, односно го конфискува земјиштето на Водно на површина од 11.000 метри квадратни, кое Груевски го купил со пари од донациите добиени за партијата ВМРО-ДПМНЕ. Се конфискуваат и станови и градежни земјишта во Кисела Вода и други општини.