Велипеток

Верниците се подготвуваат за Христовото воскресение

22.04.2022 09:12

Денеска е Велипеток, најтешкиот ден во годината. Православните верници се подготвуваат за Христовото воскресение. Ден кога се обединуваат сите настани од животот на Господ Исус Христос...

Денеска е Велипеток, најтешкиот ден во годината. Православните верници се подготвуваат за Христовото воскресение. Ден кога се обединуваат сите настани од животот на Господ Исус Христос.

Православните христијани го слават Велипеток во спомен на денот кога Исус Христос беше распнат на крстот на Голгота. На Велипеток, Исус од Назарет, Бог и човек, умрел на крстот.

Во православните цркви, вечерните богослужби на овој ден го одбележуваат времето на смртта и отстранувањето од крстот на телото Господово, кога плаштеницата се става на специјално украсена маса пред олтарот, која симболично го претставува Христовиот гроб. Во некои краишта кај нас е обичај верниците по бакнувањето на плаштеницата да ползат под масата на која таа е поставена.

Трипати со звукот на тропање се обиколува црквата, која симболично го претставува Христовиот погреб. Покровот потоа се поставува пред олтарот. Денот минува во тишина и молитва, а сета работа во куќата и во полето се прекинува.

Велипеток се смета за најтажен ден на христијанството, а на тој ден во црквите не се служи литургија.