Активни 782 ковид-случаи во земјава
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.964, бројот на оздравени пациенти е 298.916, а на починати е 9.266.

Продолжува намалувањето на бројот на новозаболени и починати од Ковид-19. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 2.359 тестови, регистрирани се 86 нови случаи со Ковид-19, 105 оздравени пациенти и едно починато лице. Активни се 782 случаи од кои најголем број – 422 се во Скопје.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.964, бројот на оздравени пациенти е 298.916, а на починати е 9.266.
Светската здравствена организација вчера соопшти дека минатата недела на глобално ниво се регистрирани речиси четвртина помалку пријавени случаи на лица инфицирани со коронавирусот. Според СЗО, бројот на новозаразени опаѓа од крајот на март.
