Светски Ден на планетата Земја

Потребно е да инвестираме во нашата планета

22.04.2022 10:40

Потребно е да се дејствува храбро, да се иновира широко и да се имплементира правично. Секој да биде вклучен и одговорен. Посочуваат дека ова е моментот да се промени деловната и политичката клима и начините на кои преземаме активности и одговорности.

На денот на планетата Земја, Министерството за животна средина и просторно планирање со порака - институциите, бизнис заедницата, граѓанските организации и движења, секој поединец, сите заедно сега, да инвестираме во нашата планета.

Потребно е да се дејствува храбро, да се иновира широко и да се имплементира правично. Секој да биде вклучен и одговорен. Посочуваат дека ова е моментот да се промени деловната и политичката клима и начините на кои преземаме активности и одговорности.

Темата на годинашниот Светски ден на планетата земја е „Инвестирајте во нашата планета“. Зелените инвестиции за одржлива иднина ќе бидат во фокусот на организаторите од мрежата, чија мисија е едуција и активирање на еколошките движења низ светот.

Повеќе од милијарда луѓе и над 150 илјади партнерски организации учествуваат во активности во 192 земји на овој ден, секоја година, со што денот на планетата е најголемиот граѓански настан во светот.