Одбрана

Подготвителни активности за вежбата „Swift response 22“ на „Криволак“

22.04.2022 11:09

Вежбата „Swift response 22“ е во рамки на кампањата на вежби „Defender Europe 22“ кои редовно се изведуваат секоја година на тлото на Европа и се во организација на Командата на вооружените сили на САД за Европа и Африка.

Отпочнуваат подготвителните активности за вежбата „Swift response 22“ на полигонот „Криволак“. Денеска отпочнува првичниот поголем транспорт на потребните воени материјални средства по копнен и воздушен пат, кои ќе се одвиваат периодично до крајот на вежбата на 31-ви мај.

Вежбата „Swift response 22“ е во рамки на кампањата на вежби „Defender Europe 22“ кои редовно се изведуваат секоја година на тлото на Европа и се во организација на Командата на вооружените сили на САД за Европа и Африка.

Ова е досега најголема мултинационална вежба во земјава од ваков вид и единствена од осамостојувањето на државата во која ќе се реализираат воздушни десанти во овој обем.

Вежбата ќе има особено значење за нашата армија во однос на споделување на знаења, способности и вештини, зголемување на интероперабилноста и оспособеноста за заедничко дејствување со сојузничките вооружени сили во изведување на овој вид на операции,  како и демонстрирање на капацитетите на „Криволак“ за изведување и на ваков вид на воени вежби.

Делот од вежбата кој ќе се одвива во нашата држава ќе се состои од активности во воздушниот простор со изведување на падобрански десанти  и активности на терен со учество на повеќе од 4.000 војници од армиите на осум НАТО земји- Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Грција, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија.