Здравство

99 нови случаи со Ковид-19, починати пет лица

22.04.2022 16:56

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.062, бројот на оздравени пациенти е 299.064, на починати е 9.271, а бројот на активни случаи изнесува 727.

Во последните 24 часа направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 54, Битола – 23, Штип – 6, Тетово, Велес, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и Радовиш – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (99), регистрирани се 13 реинфекции. Регистрирани сe 148 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 3 починати лица: 2 починати лица од Скопје (71г и 88г) и едно починато лице од Прилеп (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 2 починати лица од Радовиш (88г) и Кичево (55г). Едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 23.03 до 30.03.2022.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.062, бројот на оздравени пациенти е 299.064, на починати е 9.271, а бројот на активни случаи изнесува 727.

Досега во земјата се направени вкупно 2.007.553 тестирања на КОВИД-19.