Се полнат капацитетите во Крушево за празниците
И Крушево ќе пречека голем број гости и посетители не само за велигденските, туку и за мајските празници. Во градот ова се смета за најава на летната сезона на алтернативниот туризам. Преку туризмот градот со меѓународен бизнис саем сака да ја обнови економската понуда.

Околу 3.000 гости и посетители очекува Крушево за празниците. Понудата се проширува и за мајските празници како подготовка за периодот за алтернативни спортови и меѓународни натпреварувања. Охрабрување е богатата зимска сезона.
Посетители од целиот свет, речиси еден милион привлекува спомен-домот на Тоше Проески за 11 години откако е отворен.
Пелагонискиот град сака да ја зајакне економската понуда сериозно ги почна подготовките за меѓународен бизнис саем пред Илинден.
Историско и туристичко Крушево, нуди туризам и сака сериозно да биде сфатено како економски промотор.
Елизабета Митреска
