Македонија
Паднаа делови од фасадата на зградата на Владата
23.04.2022 17:15
Фасадата на Владата беше променета во време кога се реализираше проектот „Скопје 2014-та“.

Паднаа делови од фасадата на зградата на македонската Влада. Најголема штета има на ѕидот на еден од објектите, кај украсните елементи. Неколку парчиња од гипс и стиропор завршија на тревникот.
Фасадата на Владата беше променета во време кога се реализираше проектот „Скопје 2014-та“.
Месецов, Обвинителството отвори истрага за тоа кој и како ја изработил владината фасада и со какви материјали.
