Македонија

Од 1-ви мај бесплатен железнички превоз за неколку категории граѓани

23.04.2022 17:45

Оваа одлука е согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД - Скопје.

Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај се воведува од 1-ви мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД - Скопје за 2022 година.

Оваа одлука е согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД - Скопје.

Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз, се појаснува во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Бесплатиот превоз во железничкиот сообраќај се однесува за:

Млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот;

Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);

Бесплатен превоз за студенти секој четврток;

И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда.