Македонија

Православните верници го слават Велигден

24.04.2022 09:15

Православните верници го дочекаа најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите...

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Со зборовите Христос воскресна, навистина воскресна!

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан служеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“-Скопје каде што по Полуноќницата и опходот околу храмот го објави Христовото воскресение, а потоа беа отслужени Утрената и Света Златоустова литургија.