Македонија

Битолската сребрена вода со месеци не се мати - според црквата оваа вода има и лековита моќ

24.04.2022 10:38

Во атарот на битолското село Крстоар постои месноста „Сребрена вода“ име добиено по водата од дамнина постои црквата посветена на три светители. Битолчани често во редици чекаат да наполнат и по над 50-сетина литри од водата која и по неколку месеци не се мати и не го менува квалитетот. Повеќекратните испитувања покажаа дека сребрените јони се далеку под границите на дозволеното. Според црквата од помалите три чешми тече вода со лековита моќ...

Посветена на Св. Петка, Св. Ѓорги и Св. Тодор е црквата во месноста сребрена вода име добиено по водата која од дамнина тука и зиме и лето со ист интензитет тече.

Верувањата дека водата е само еден од начините кога божјата благодет се излева врз луѓето влијаело многу извори само со соодветниот благослов да се прогласат за свети.

Во дворот на црквата често гужвата е голема. Добре Релушковски со семејството последниве 22 години не консумираат вода од градскиот водовод. Вели тука доаѓа два до три пати месечно да наполни поголеми количини на вода.

Специфичностите на оваа питка сребрена вода која со месеци не се мати и не ја менува температурата се сеопшто познати.

Повеќепати имало шпекулации дека во водата има преголеми количини на сребрени јони и е штетна за пиење. Но сертификатите залепени над чешмите демантираат. Честите испитувања покажуваат дека бактериолошки е чиста и содржи сребрени јони но нивното на присуство е далеку под мерката што е дозволена.

Стевче Митревски