Македонија

Втор ден Велигден

25.04.2022 13:35

Православните верници денеска слават втор ден Велигден. Со свеќа в раце се помолија за мир, здравје и бериќет...

Да го молиме Воскреснатиот Господ да ни ги дарува потребните мудрост и единство и нам во татковината и насекаде каде што не има во светот за да можеме да се одбраниме од сите што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа или се обидуваат сосема да го избришат многувековниот идентитет. Рече отец Ацо Гиревски на Воскресната литургија на вториот ден Велигден.

Додаде дека љубовта е единствениот лек против злото, а тоа ќе го покажеме доколку со непоколеблива вера како сите големи христољубци во изминативе дваесет столетија ќе се помолиме за спасение на сите страдални луѓе и сите засегнати од голема несреќа.

Православните верници денеска слават втор ден Велигден. Со свеќа в раце се помолија за мир, здравје и бериќет.

Воскресението Христово беше објавено во сите Храмови на Македонската Православна црква, а вчера и денеска се одржуваат Воскресенски литургии.

Овој празник е спој на верата и традицијата негувана од памтивек, а почнува од велики четврток кога пред изгрејсонце домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски црвени јајца.

Александра Спировска