Евроинтеграции

Османи во дипломатска посета на Германија

25.04.2022 13:55

Одблокирањето на евроинтеграцијата во фокусот на посетат на шефот на дипломатија Османи на Германија...

Одблокирањето на евроинтеграцијата во фокусот на посетат на шефот на дипломатија Османи на Германија.

На средбата со Јенс Плетнер, советникот на германскиот канцелар Шолц, Османи посочил дека со отворањето на пристапните преговори, ЕУ ќе ја демонстрира својата зацртана улога на геостратешки играч и ќе го потврди проширувањето како корисна алатка на нејзината надворешна и безбедносна политика.

Со Антон Хофрајтер, претседател на Комитетот за европски прашања на германскиот Бундестаг било констатирано дека е потребна итна деблокада на евроинтегративните процеси во регионот како геостратешка инвестиција на ЕУ во име на безбеден, стабилен и просперитетен регион во срцето на Европа.

По Германија, Османи ќе престојува во Софија каде ќе се сретне со бугарските официјални лица и заедно со еврокомесарот за проширување Вархеји ќе учествува на трибина за европската иднина на регионот. Потоа Вархеји и Османи заедно ќе пристигнат во Скопје.

Ирина Гелевска