Македонија
Од утре ќе штрајкува и Управата за водење на матични книги
26.04.2022 11:59
Како што велат од Независниот синдикат за водење на матични книги се решиле за штрајк оти никој не го вреднува нивниот труд...

Од утре ќе штрајкува и Управата за водење на матични книги. Бараат поголеми плати. Шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат додека не им се покачат платите, а штрајкот ќе почне од 8 часот наутро.
На ваков чекор се решиле поради не вреднување на нивниот труд, соопштија од независниот синдикат за водење на матични книги.
Ова значи дека шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат.
