Македонија

СОНК вечер носи конечна одлука за прекин на штрајкот

26.04.2022 13:14

Раководството на СОНК и Владата вчера постигнаа договор за зголемување на платите од 12 проценти со јулската плата, а средствата ќе бидат обезбедени со релабансот на Буџетот.

СОНК на консултации со членството за понудата од 12 проценти повисоки плати. Раководството на СОНК и на Владата, по две недели штрајк, начелно ги усогласи ставовите. Ако членството се согласи, ќе има промена и во колективниот договор за скалесто покачување.

Раководството на СОНК и Владата вчера постигнаа договор за зголемување на платите од 12 проценти со јулската плата, а средствата ќе бидат обезбедени со релабансот на Буџетот.

Според Владата, зголемувањето на платите од 12 проценти нема да претставува ризик од дополнителна инфлација и нема да се одрази на нормалното сервисирање на обврските од Буџетот.