Македонија
Приведен крадец баран со централна потерница за издржување казна затвор од 2 години
26.04.2022 13:39
Тој бил баран по централна потерница на Основен Кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик...

Денеска во 11.50 часот на бул.„Видое Смилевски Бато" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим-потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(33) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница на Основен Кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
