И со намалувањето на ковид-заразата, тешко до „Мој термин“
Намалувањето на ковид случаите, престанокот на работата на ковид центрите, отвори можност за работа на специјалистите, а до нив тешко се стигнува оти нема слободен „Мој термин“…

Со драстичното намалување на бројот на активни, но и хоспитализирани случаи со Ковид-19 и престанокот на работата на ковид центрите, се врати можноста за тековно работење на специјалистите по болниците. Пациентите повторно се жалат на старите болки.
И додека пациенти бараат упати за специјалистички прегледи, таму се вратија редиците. Термини за прием на пациенти нема, за слободен „Мој термин“ се чека со денови.
Малигните испитувања и кардиоваскуларните болести имаат најголем број на пополнети термини. Или како што матичните доктори велат, има системски проблеми, за кои се потребни системски решенија.
Во Македонија има активни 630 случаи со Ковид-19, а во осум градови нема случаи на заразени со коронавирусот. Трицифрен број има само во Скопје-340 и во Битола-110.
Петар Печков
