21 нов случај на Ковид-19, починато едно лице
Во последните 24 часа, направени се 893 тестови, а регистриран е 21 нов случај на Ковид-19: Скопје – 15, Битола – 3, Кавадарци, Кичево и Виница – по 1Од вкупниот број на позитивни (21), не се регистрирани реинфекции. Регистрирани сe 89 оздравени пациенти од: Скопје – 53, Битола – 16, Прилеп – 6, Велес – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Штип – 2, Кичево и Тетово – по 1.

Во последните 24 часа, направени се 893 тестови, а регистриран е 21 нов случај на Ковид-19: Скопје – 15, Битола – 3, Кавадарци, Кичево и Виница – по 1Од вкупниот број на позитивни (21), не се регистрирани реинфекции.
Регистрирани сe 89 оздравени пациенти од: Скопје – 53, Битола – 16, Прилеп – 6, Велес – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Штип – 2, Кичево и Тетово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од : Прилеп (72г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително не се регистрирани починати лица .
Досега во земјата се направени вкупно 2.012.168 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.229, бројот на оздравени пациенти е 299.391, на починати е 9.277, а бројот на активни случаи изнесува 561.
