Прилеп: Учениците губат, дали ќе надоместат?
Штрајкот во образованието останува неизвесен. А што се случува со учениците? Колку губат и дали ќе надоместат? Родителите, учениците и граѓаните се недвосмислени - најмногу губат учениците и овие генерации се хендикепирани ако се додадат последиците од пандемијата. За педагозите, главно, може да се надомести, ама неизвесноста од наставата е најштетна...

Илија Николоски е родител на матурантка. Исплашен е како и дали ќе се стигнат роковите за матура, за уписи, по тринеделниот прекин на наставата.
Осмоделенецот Стефан Костески од Македонски Брод знае дека ќе се продолжи учебната година.
Граѓаните се убедени дека овие генерации многу загубија, прво со пандемијата, сега со штрајкот. Велат, треба да се замислиме каде ги водиме децата.
Недвосмислено е дека најголеми губитници се учениците иако има разијдување колку и како ќе се надомести знаењето.
Во прилепските училишта се изјаснуваат. Од Синдикатот на гиназијата со став - не ги прифаќаат предлозите и не го прикинуваат штрајкот.
Елизабета Митреска
