Македонија

Светски ден на книгата

26.04.2022 15:02

Постои огромна разлика меѓу луѓето што читаат и оние што не читаат, беше порачано од одбележувањето. Ова беше кажано по повод одбележувањето на светскиот ден на книгата и авторското право, во националната и универзитетска библиотека свети Климент Охридски...

Во изминатиов период, исполнет со непредвидливост и неизвесност, многумина се свртеа кон книгата, како кон вековна мудрост.

Постои огромна разлика меѓу луѓето што читаат и оние што не читаат, беше порачано од одбележувањето. Ова беше кажано по повод одбележувањето на светскиот ден на книгата и авторското право, во националната и универзитетска библиотека свети Климент Охридски.

Неспорна е улогата на библиотеките во грижата за книгите и авторите, истакна професорката Ѓурчинова, која е автор на овогодишната порака од Македонија за светскиот ден на книгата.

Денот на книгата најпрвин почна да се одбележува во Шпанија, пред околу 100 години, истакна шпанскиот амбасадор во Македонија Лозано Гарсија.

„Во случајот со Шпанија, исто како и со Македонија, нашата култура е универзална. Сите може да ја разберат и со сите сакаме да ја споделиме. Инаку, шпанскиот јазик е втор по важност во светот, но се чини дека овде сè уште не толку популарен, па сакам да ве информираме дека шпанската амбасада е отворена за сите оние што сакаат периодов да учат шпански јазик и ќе им дадеме листа со расположливи бесплатни онлајн платформи за учење“, истакна амбасадорот на Шпанија,  Хосе Луис Лозано Гарсија.

По настанот беше одржано и традиционалното подарување книги и рози, кое почнало токму во Шпанија, во рамките на овој настан.

 

Марија Котовска