Штрајк

Членови на СОНК протестираат пред седиштето на синдикатот

26.04.2022 15:08

Членови собрани пред седиштето на синдикатот изразија незадоволство, а претседателот Неделков ги убедуваше дека сѐ уште се сумираат мислењата. Демантираше дека е постигнат договор за прекин на штрајкот.

По понудата за 12 процентно зголемување на платите, се чека официјалната одлука, дали членството ќе прифати или штрајкот ќе продолжи. Членови собрани пред седиштето на синдикатот изразија незадоволство, а претседателот Неделков ги убедуваше дека сѐ уште се сумираат мислењата. Демантираше дека е постигнат договор за прекин на штрајкот.

„Доколку мнозинство од членството се изјасни дека е прифатлива понудата, штрајкот ќе се прекине. Вашето незадоволство ве повикувам да го искажете денес, утре и задутре на протестот на КСС во 16 часот пред Собрание“, рече Неделков.

По барање на насобраните членови, Неделков се согласи седницата на Советот на СОНК да биде отворена. Седницата, според најавите, треба да се одржи попладне со почеток во 16 часот.