Политика

Заострена реторика во разговорите со Бугарија

26.04.2022 15:16

Само со меѓусебно почитување и со задржување на достоинството на граѓаните на двете држави, може да има позитивен дијалог, заострена реторика од македонската Влада. Потребни писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја, реагираат од ВМРО- ДПМНЕ...

Заострена реторика и од македонскиот државен врв во однос на разговорите со Бугарија и ветото за преговори со Европската унија. Само со меѓусебно почитување и задржување на достоинството на граѓаните на двете држави може да има позитивен дијалог, изјави премиерот Димитар Ковачевски – по низата остри изјави од бугарските политичари.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека се потребни писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја. Во спротивно аматеризмот и неспособноста на Ковачевски ќе значат катастрофа за националните интереси. Дури и премиерот Петков, кој се меша во внатрешните работи на земјава,  знае дека бугарските барања се максималистички.

Николоски кој е на Парламентарното собрание на Советот на Европа вели дека ќе побара  Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Политиката која што ја води Бугарија, посочува Николоски е политика на негирање што не ги спроведува пресудите на најстарата европска институција.

 

Миле Ристески