Научен собир

„Македонија и Бугарија меѓу минатото и сегашноста“

26.04.2022 15:56

Македонското прашање е сè уште актуелно дури во 21 век. Негирањето на македонската нација и црква, на македонскиот јазик и идентитет од страна на Бугарија влече историски корени уште во наративот на бугарите за средновековието и во откривањето и конструирањето на историскиот генетски код на бугарите кој се одвивал под директно руско влијание, беше речено на научната трибина за односите меѓу Македонија и Бугарија во минатото и сегашноста...

Со политичката верификација на заедничката историја од средновековието, Македонија целосно ќе биде лишена од својата национална историја и од културното историското наследство, рече историчарот Митко Панов на научната трибина за односите меѓу Македонија и Бугарија во минатото и сегашноста.

Истражувањето на еволуцијата на бугарскиот национален наратив, укажува дека откривањето и конструирањето на историскиот генетски код на Бугарите се одвива под директно влијание на Русија, рече Панов.

Историчарот Ѓорѓи Маловски истакна дека македонскиот народ е единствениот кој самиот се ослободил од фашизмот и создал македонска држава.

Придонесот на македонскиот народ во конечната победа против фашистичките сили се согледува преку жртвите, во вардарскиот загинале околу 33000, во егејскиот 2730 и во пиринскиот дел 327 загинати. На ова треба да се додадат и 5000 жртви во италијанско грчка војна во 1940, рече Малковски.

Историчарите говореа и за систематското уништување на Евреите од вардарскиот дел на Македонија за време на Втората светска војна.

Тоа што Бугарија не успеала да го реализира на сопствената територија, за жал, успеала да го оствари во окупираните области, посочи Џинго.

На трибината се дебатираше и за бугарската политика и стратегија кон македонското прашање и за културната автономија на македонското малцинство во Пиринска Македонија.

Игор Панов