Управата за матични книги од утре на штрајк
Обемот на работа е голем, но на повеќето од вработените платата е 14.000 денари, реагираат синдикалците. Со штрајк од утре ќе ги бараат своите права...

За изводи од матичните книги на венчани, родени и починати, како и слободни брачни состојби неколку стотини граѓани дневно ги посетуваат шалтерите на подружните одделенија само во Управата во Скопје. Обемот на работа е голем, но на повеќето од вработените платата е 14.000 денари, реагираат синдикалците. Со штрајк од утре ќе ги бараат своите права.
Немаат веќе трпение да чекаат, затоа решиле да протестираат, но велат дека нема никаква поврзаност со штрајкот во другите сектори.
Вработените во Управата за водење на матични книги, ќе одат на работа, но нема да издаваат изводи. Се надеваат дека надлежните ќе седнат на преговарачка маса со нив и ќе ги исполнат барањата на 500 вработени.
Наташа Ј. Менковски
