Образование - Штрајк
Продолжува штрајкот во училиштата, градинките од утре почнуваат со работа
26.04.2022 19:21
Тој по денешната седница истакна дека од 480 синдикални организации во земјава, 388 се за продолжување на штрајкот од утре...

Продолжува штрајкот во училиштата, додека во градинките ќе биде ставен во мирување и од утре вратите во предучилишните установи ќе бидат отворени, изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.
Тој по денешната седница истакна дека од 480 синдикални организации во земјава, 388 се за продолжување на штрајкот од утре.
„Советот на СОНК одлучи да продолжи штрајкот и утре сè до наоѓање на заедничко решение со Владата“, рече Јаким Неделков.
