МВР: 264 санкции за брзо возење
17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 264 возачи.
Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 81 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 183 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
