Македонија

Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки

27.04.2022 12:38

Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжителното носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица...

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжителното носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.

Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со Ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки, информираат од Министерството за здравство.