Заев: Отворен Балкан, а не Балкан во војна
Посуверена и пообединета Европа. Денес во Струмица на конференција на тема „Суверенитет“ што ја организира Амбасадата на Франција во рамките на Француското претседателство со Советот на Европа, на којашто стана збор за еден од приоритетите, а тоа е посилна, посуверена и пообединета Европа...

Отворен Балкан, а не Балкан во војна е нашиот заеднички идентитет во кој се обединети европските вредности, истакна денес поранешниот премиер на Владата, Зоран Заев на панел дискусијата на тема „Суверенитет“ што ја организира француската амбасада во Македонија.
Воената агресија на Русија во Украина, ја покажа слабоста на ЕУ, но истовремено и решителноста и заедничката акција. Европа влегува во нов геополитички контекст во кој место има и Северна Македонија, посочи францускиот амбасадор.
Претседателот на Европското движење во Франција, Ив Бертончини, изрази оптимизам за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија во јуни годинава.
На конференцијата зборуваше и деканот на факултетот за безбедност, Никола Дујовски, кој посочи дека членството на Македонија во НАТО се покажа како најправилна одлука во контекст на безбедносните прашања кои го тиштат континентот.
Присутните гости ги поздрави градоначалникот Костадин Костадинов кој кажа дека Струмица ги следи европските трендови.
Стојне Митева
