Македонија

Познати се аерозагадувачите на воздухот во Скопје

27.04.2022 16:14

Лоцирани се изворите на аерозагадувањето во Скопје, што е основа за спроведување на Директивите за квалитет на воздухот. Програмата за развој на Обединетите нации, Министерството за животна средина, Универзитетот „Гоце Делчев“ и Град Скопје една година го мониторираат амбиенталниот воздух и лабораториски ги потврдија причините за загадениот воздух во Скопје...

На пет локации во Скопје во период од една година мерени се изворите на аерозагадување. Лабораториските анализи потврдија дека сообраќајот, индустријата, согорувањето на нафта и мазут и минералната прашина се дел од изворите на загадување

Загадувачи многу, а ресурсите за нивно намалување се ограничени. Затоа е важно загадувачите да се лоцираат за поефикасно да се отстранат

Аерозагадувањето е проблем на скоро сите урбани средини во државата, заради што се планира регистар на загадувачи на начин како што со овој проект тоа се направи во Скопје.

Славица Величковска