Македонија

Дурловски зад решетки пред Собрание: „Молчењето е злото“

27.04.2022 19:55

Оперскиот пејач, Игор Дурловски, кој беше еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“, кое со денови протестираше низ улиците пред да се случи упадот во Собранието, со протестен перформанс..

Оперскиот пејач, Игор Дурловски, кој беше еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“, кое со денови протестираше низ улиците пред да се случи упадот во Собранието, со протестен перформанс ја одбележа годишнината од случувањата на 27-ми април.

Тој седеше зад импровизирани решетки пред Законодавниот дом, во паркот „Жена борец“, со трака на устата и со порака – „молчењето е злото.“