Џафери: Ќе се залагам институциите на Северна Македонија да ја пружат сета можна поддршка
Претседателот на Собранието Џафери е во Украина, на покана на колегата Руслан Стефанчук. Отпатувал со воз преку Полска и ги посетил градот Ирпин и Буча. Џафери пред медиумите рече дека лично ќе се залага, сликите од овие места да го добијат вистинското име, а тоа е, како што изјави, геноцид...

Претседателот на Собранието Џафери е во Украина, на покана на колегата Руслан Стефанчук. Отпатувал со воз преку Полска и ги посетил градот Ирпин и Буча. Џафери пред медиумите рече дека лично ќе се залага, сликите од овие места да го добијат вистинското име, а тоа е, како што изјави, геноцид. Џафери е првиот висок претставник од нашата држава кој ја посети Украина.
„Нам, од Западен Балкан, свежи ни се сеќавањата од вакви слики што ги гледавме пред не подолго од две децении. Свежи ни се настаните од Косово, Сребреница и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги гледаме овде. Од тука можам да порачам дека лично ќе се залагам и институциите и граѓаните на Република Северна Македонија да ја пружат сета можна поддршка којашто стои на располагање, заедно со нашите партнери од ЕУ и меѓународната заедница“, порача Џафери во изјава за медиумите додавајќи дека лично ќе се залага потресните слики кои ги видел при посетата, да го добиваат правото име, а тоа е, како што рече, геноцид и ништо друго.
