Македонија

Во Битола одбележани 21 година од загинувањето на бранителите кај Вејце

28.04.2022 13:09

Измина 21 година од загинувањето на осумте и ранувањето на тројцата припадници на безбедносните сили во нападот кај Вејце, Тетовско. Во Битола одбележана годишнината од загинувањето. Овде сме да потсетиме на мачните и тажни настани од 2001-ва и да укажеме никогаш да не се повторат, порача градоначалничкиот Коњановски …

Битолската посебна единица беше на терен 8-ми ден, се потсетува тогашниот командир на вод. По лажната дојава дека во селото Бродец има терористи и по разгледување на теренот се повлекле во касарната во Тетово. Втората патрола исто комбинирана од армискиот и полицискиот состав кога тргнале Селце – Вејце добиле телефонски повик од Илче Стојановски сега починатиот, дека е ранет и дека се нападнати од заседа, раскажува Гилевски. Додава дека ова е тежок ден за битолчани, а овие луѓе треба да се слават секој ден не само денес.

Законот за бранители не менува суштински ништо за категорија на луѓето најзаслужна за државата, велат поранешните припадници на безбедносните сили. Овде сме да се потсетиме на мачните настани од 2001-та година, но и да укажеме да не се повтори злото, оцени градоначалникот на Битола.

Минаа 21 година од нападот кај тетовското село Вејце во кој осум припадници на специјалните единици на македонските безбедносни сили ги положија животите во одбрана на татковината.

Ана Ј. Тодоровска