Донфрид: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ
Предолго се одолговлекува одржувањето на првата меѓувладина конференција на Македонија и ЕУ. Иднината на Северна Македонија е во Унијата, американската помошничка-државен секретар за евроазиски прашања Карен Донфрид со поддршка за нашите евроинтеграции...

Предолго се одолговлекува одржувањето на првата меѓувладина конференција на Македонија и ЕУ. Иднината на Северна Македонија е во Унијата, американската помошничка-државен секретар за евроазиски прашања Карен Донфрид со поддршка за нашите евроинтеграции.
„Исполнивте тешки задачи, ги исполнивте реформите и заслужувате брзо да напредувате. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. Вашето пристапување ќе донесе поголма стабилност на Балканот и поголем просперитет во Еворпа“, нагласи Донфрид по денешната средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Според шефот на дипломатијата Османи, членството во ЕУ е и безбедносно прашање. Време е Унијата да го испорача ветеното.
Никој од нас нема време за губење. Цениме дека сега е вистинско време за ЕУ да го исполни својот дел од задачата и да го деблокира нашиот пристапен процес преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција за време на француското претседателство. Тоа ќе претставува големо охрабрување и за другите земји од Западен Балкан, нагласи министерот за надворешни работи, Османи.
