Здравство

124 нови случаи со Ковид-19

28.04.2022 14:12

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 503.

Во последните 24 часа направени се 1.798 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 67, Битола – 24, Прилеп – 8, Охрид – 5, Берово – 4, Тетово и Кичево – по 3, Куманово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица, Кочани, Ресен, Делчево и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции. Регистрирани сe 114 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени  починати лица.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 503.

Досега во земјата се направени вкупно 2.015.726 тестирања на Ковид-19.