Македонија

Членови на СОНК се собраа пред седиштето на синдикатот

28.04.2022 20:43

По одлуката на СОНК дека штрајкот го става во мирување попладнево пред седиштето на СОНК се собраа членови на синдикатот изразувајќи незадоволство од најновата одлука...

По одлуката на СОНК дека штрајкот го става во мирување попладнево пред седиштето на СОНК се собраа членови на синдикатот изразувајќи незадоволство од најновата одлука.

„Денеска се ретерира без знаење на членството и се носи одлука за која членството не е информирано. Тука сме да изразиме револт. Ние сме базата, ние сме членството и должен е Неделков да дојде и да објасни зошто ја промени одлуката“, велат насобраните членови на СОНК, кои бараат оставка од Неделков.