Партии

Мицкоски: Во СДСМ и во Владата нема мудрост ниту државотворен капацитет

29.04.2022 17:59

„Владата постапува неодговорно во моменти кога на народот му е потребно обединување. Мнозинството од македонските граѓани сметаат дека државата се движи во погрешна насока“, изјави денес во Штип лидерот на опозицијата. Ставот на СДСМ е дека не време за избори и дека желбите на Мицкоски секогаш биле пред интересите на граѓаните..

Ниту Владата ниту СДСМ нема мудрост и државотворен капацитет да го обедини народот, изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, откако премиерот Ковачевски одби да се сретне со него за да договорат датум за предвремени избори.

„Подадовме рака за единство и одговорност, за да ставиме крај на владеењето на една политичка елита која дваесет години владее со уцени“, вели Христијан Мицкоски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од СДСМ велат дека не е време за избори и оти најавите за радикализација се одраз на немоќ на опозицијата“, рече Мицкоски.

Славица Величковска